Историјат

pazar1962 2

 

pazar1962 1

Местоположбата и влијанието на Охрид , како битен политички , културен и верски центар уште од античко време кога настанал  допринесло градот да биде важен трговски центар во средината на 12 век. Во почетокот на 13 век се формира и првата трговска колонија.Во 18 –от Век Охрид со неговата местоположба станува важен трговски центар , бидејќи преку него се поврзуваат Драч ,Елбасан Битола и Лерин. Во тие времиња трговијата допринесла населението на Охрид да има голем економски напредок.

Првиот градски пазар во Охрид се наоѓал на влезот во старото градско јадро , на местото каде што денес се наоѓа градскиот плоштад , во непосредна близина на Долна Порта. Жителите од околните села во пазарните денови ги носеле своите земјоделски производи и им ги продавале на Охриѓани. Покрај житото , овошјето , зеленчукот  тука се продавала и стоката која ја одгледувале селаните населени во близината на Охрид.   Охриѓани кои се занимавале со риболов  ги нуделе на пазарот свежо уловените и сушени риби.

После 2-та Светска Војна , доаѓа до преместување на пазарот во непосредна близина на стариот Чинар , каде се наоѓа и ден денес. Со формирањето на општинските претпријатиа , пазарот почнува да го управува општинското претпријатие кое било одговорно за одржување на редот за улов на риба и хигиена во градот. Со тек на време ова претпријатие се дели на две претпријатија Охридска Пастрмка и Комуналец.  Општинското претпријатие Комуналец е одговорно за организирање на пазарот во Охрид .

Современите потреби и текови укажаа дека како се менуваат навиките на луѓето , така и организирањето на управувањето на пазарот треба да се менува. Од тие причини во 2010 год, Советот на Општина Охрид , донесува одлука да се формира Јавно Претпријатие чија основна дејност ќе биде управување со пазарите на територијата на општината.