Активности

МЕСТОПОЛОЖБА  И КАПАЦИТЕТ

На територијата на општина Охрид фунционира пазар за продажба на земјоделски производи, текстил и бижутерија со површина од 5.000 м2 и се наоѓа во строгото централно градско јадро на Општина Охрид, на Бул.Туристичка 79. Располагаме со следните капацитети:

 

  • Тезги за продажба на земјоделски производи-288
  • Тезги за продажба на јајца и сирење-13
  • Тезги за продажба на бижутерија-64
  • Типски подвижни  пласитични тезги-10
  • Штандови за продажба на текстил-29
  • Деловни простории-8

 

 

ВИЗИЈА

 

Нашата визија е да бидеме модерно и иновативно претпријатие, отворено за прифаќање нови идеи, високо ценето од нашите соработници и вработени, од купувачите на кои им служиме, како и од заедницата во која работиме.

Нашата главна цел е да креираме вредност за нашите купувачи со која ќе ја заслужиме нивната доверба и лојалност, да бидиме столб врз кој ќе се гради успехот на сите наши соработници, како и најдобро место за работа за нашите вработени.

Отворени сме за идеи што ќе го унапредуваат работењето на претпријатието, а воедно и ќе ги задоволат потребите на секојдневното живеење и работење на граѓаните на Општина Охрид. Со голем ентузијазам им приоѓаме на сите нови инвестициски проекти.

 

 

 

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

 

Јавното Претпријатие дава свој придонес кон пошироката заедница преку редовното плаќање на своите обврски во вид на данок на додадена вредност и другите давачки од кои се финансираат редовните активности на пошироката заедница.

Отворено сме за соработка со сите студентски организации кои сакаат да го надоградат своето знаење преку практикантската и волонтерската работа.

Посебно водиме сметка за лицата со посебни потреби, за кои имаме обезбедено посебни паркинг плацеви во рамките на паркингот со кој управуваме, како и обезбедувањето на пристапни рампи, а се со цел да на мал начин им го олесниме нивното движење во Зелениот пазар.