Огласи

Врз основа на член 20 г од Закон за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РМ бр.27/14, бр.199/14 и бр.27/16) и чл.37-и од Законот за јавните претпријатија (Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 41/14, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 06/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16), Директорот на ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ПАЗАРИ НА ГОЛЕМО И МАЛО ГРАДСКИ ПАЗАР Охрид, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.04-250/1
за пополнување на работни места на даватели на јавни услуги по пат на вработување на неопределено време за следниве работни места:
1. – реден број, шифра и назив на работно место: 27.КДР 0305 Б04 056 Инкасант Наплатувач- двајца (2) извршители;
Општи услови:-да е државјанин на Република Македонија, -активно да го користи македонскиот јазик, -да е полнолетен, -да има општа здравствена способност за работното место и -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должнoст.
Посебни услови:-стручни квалификации: ниво на квалификациите IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование,
Работно искуство: со или без работно искуство; Распоред на работно време: Работни денови: понеделник -петок Работни часови: дневно 8 работни часа, неделно 40 часа Работно време: од 07:00 до 15:00 часот Паричен нето износ на плата: 13. 687, 00 денари, плус додаток на минат труд по 0.5% за секоја година работен стаж.За исполнување на горенаведените општи и посебни услови, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:
-Пополнета пријава објавена на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид; -Кратка биографија ЦВ со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
-Уверение за државјанство; -Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место; -Извод од матична книга на родени;
-Потврда за работно искуство кое се бара за работното место; -Лекарско уверение за општа здравствена способност (не постаро од 6 месеци)
Огласот трае 15 (петнаесет) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот во три дневните весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Постапката за селекција за вработување на даватели на јавни услуги во претпријатието се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју.
НАПОМЕНА:Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2017 година, вработувања се предвидени за Македонци.
Заинтересираните кандидати пријавите со потребните документи за исполнување на посебните услови по овој оглас можат да ги достават непосредно до архивата на ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ПАЗАРИ НА ГОЛЕМО И МАЛО ГРАДСКИ ПАЗАР Охрид, бул.Туристичка бр.79 Охрид или по пошта, со назнака „ЗА ОГЛАС” . Ненавремено доставените и некомплетните пријави нема да се земаат во предвид при разгледување. ЈП Градски Пазар Охрид Директор,Тони Коталески

________________________________
________________________________
______________________________________________________________
________________________________
______________________________
________________________________
________________________________
______________________________________________________________
________________________________
______________________________
________________________________
________________________________
______________________________

Пријава

Пријава за Вработување
__________________________________________________

___________________________________________

_________________________________________________________________________

ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
1. податоци за огласот
“број и датум на објавување
на јавниот оглас”
2. податоци за работното место
назив на работно место
шифра на работо место
3. податоци за кандидатот
Име Презиме
Матичен број
Датум на раѓање
Место на раѓање
Адреса и место на живеење
Електронска адреса
Контакт телефон
Припадност на заедница
Кратко мотивационо писмо

4. кратка биографија

5.изјава за исполнување на општите услови за работното место со ДА/НЕ за секој услов пооделно
Да е државјанин на Република Мкаедонија ДА / НЕ
Активно да го користи македонскиот јазик ДА / НЕ
Да е полнолетен ДА / НЕ
Да има општа здравствена способност за работното место ДА / НЕ
Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност ДА / НЕ
6. Изјава за исполнување на посебни услови за работното место со ДА/НЕ за секој услов пооделно
Да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место ДА / НЕ
Да има соодветно работно искуство потребно за работното место ДА / НЕ
Да поседува соодветни посебни работни компетенции потребни за работното место ДА / НЕ

“7. Изјава за исполнување на дополнителниот услов наведен во огласот
со наведување ДА/НЕ за секој услов пооделно доколку се бара”
ДА / НЕ
ДА / НЕ
ДА / НЕ
ДА / НЕ
ДА / НЕ
ДА / НЕ
ДА / НЕ
ДА / НЕ
“8. Изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни,
а доставените докази се верни на оригиналот ”

датум на пријавување Потпис на кандидатот

_____________________ _____________________

___________________________________________________________________________
Врз основа на чл. чл.22ст.1т.1т.2 и чл.23 од Законот за работни односи и чл. 5 од Колективниот договор на Јавното претпријатие за управување на пазари на големо и мало ГРАДСКИ ПАЗАР Охрид, Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид го објавува следниот:

Ј А В Е Н О Г Л А С
за прием на работници на неопределено време

ЈП Градски Пазар Охрид има потреба од:

Општ работник – 2 (два) извршители;
Груповодител за миење на возила-1 (еден) извршител;

1. – реден број, шифра и назив на работно
28.КДР 0401 А01 018 -Груповодител за миење на возила- еден (1) извршител;
Посебни услови:
-стручни квалификации: ниво на квалификациите IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, место:
Работно искуство: две години;

2.
31.КДР 0401 А03 012 Општ работник- двајца (2) извршители

Посебни услови:
-стручни квалификации: ниво на квалификациите I или основно образование,
Работно искуство: без работно искуство;

Кандидатите од точка 1 и 2 да ги исполнуваат следните општи услови;
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,

Заинтересираните кандидати пријавите со потребните да ги достават непосредно до архивата на ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ПАЗАРИ НА ГОЛЕМО И МАЛО ГРАДСКИ ПАЗАР Охрид, бул.Туристичка бр.79 Охрид или по пошта, со назнака „ЗА ОГЛАС” во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Ненавремено доставените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

ЈП Градски Пазар Охрид
Директор,

Тони Коталески

________________________________________________________________________
ЈП Градски Пазар Охрид,издава под закуп тезги за продажба на земјоделски производи,бижутерија,текстил од 01.01.2017 година.
Заинтересираните правни и физички лица најдоцна до 31.12.2016
година треба да поднесат барање за закуп. Правните лица потребно е да достават Решение од централен регистар, а физичките лица потврда од Министерство за земјоделие за регистрирани Земјоделци или потврда за регистрирани занаетчии.
Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП
Градски Пазар Охрид или на тел.046/266-600.

____________________________________________________

Оглас

ЈП Градски Пазар Охрид,издава под закуп тезги за продажба на цвеќе од 01.03.2017 годин до 15.03.2017 год.
Заинтересираните правни и физички лица најдоцна до 01,03,2017 год.
година треба да поднесат барање за закуп.
Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП
Градски Пазар Охрид или на тел.046/266-600.