За нас

ОСНОВАЊЕ НА ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД

 

        ЈП Градски Пазар – Охрид , е претпријатие од  јавен интерес  за граѓаните на Општина Охрид , основано со одлука на Советот на општина Охрид бр.07-2151/22 , донесена на ден 30.08.2010 Откако се изврши упис во Централниот регистар , на 13.12.2010  Јавното Претпријатие се стекна со правен субјективитет . Целта поради која е основано ова јавно претпријатие е квалитетно и организирано вршење на дејноста управување со пазари на големо и мало на територијата на општина Охрид.

Зеленчук

 

ЗОШТО ЗЕЛЕН ПАЗАР?

 

Ако сакате овошјето и зеленчукот кој го купувате да е проверено свежо тогаш купувате на пазар. Таму имате “свој“ продавач, кој воедно е и призведувач , на кој со голема мера на сигурност можете да му верувате дека овошјето и зеленчукот кое го нуди на својата тезга го набрал баш тоа утро. Продавачот со голема љубов и внимание го одгледал тоа што Ви го продава. Тој Ви е како комшија, со малку муабет и ваша редовна посетеност на неговата тезга, Вие ќе размените по некој муабет и подобро се запознавате.

Пазарите по меѓусебниот однос помеѓу купувачите и продавачите ,  се разликуваат од супер маркетите , кои во почетокот на 21-от век му станаа значителна конкуренција на овај традиционален и многу популарен облик на трговија.

Јавното Претпријатие Градски Пазар – Охрид, свесно е дека оваа дејност се соочува со предизвиците на современото живеење, и настојува да го прати ритамот на технолошкиот развој и се прилагодува на новите потреби на потрошувачите, меѓутоа истовремено ги чува и негува специфичностите по кои се препознаваат како места на кои се купува свежо овошје и зеленчук и други прехранбени производи од познат производител (по можност истовремено и продавач) во амбиент кој овозможува и средби на луѓето, комуникација и социјализација.